Содржина

Кога еден наивен и несмасен чувар е ранет во една експлозија што ја подметнува злобниот д-р Кло, убавата научничка по име Бренда го зема под свое крило и го претвора во инспектор Гаџет, најдобриот борец против криминалот!
Врз основа на популарниот истоимен анимиран лик, „Инспектор Гаџет“ е енергична и интересна акциона комедија за наивниот и несмасен чувар Џон Браун (Метју Бродерик), чие срце е големо колку и неговите сништа да стане најдобриот полицаец на светот. Сепак, ништо не е невозможно. Одеднаш, неочекуваните околности го прават идеален кандидат за еден таен проект на полицијата, а убавата научничка д-р Бренда Бредфорд (Џоли Фишер) го применува своето знаење од областа на роботиката за да направи од него човек со многу таленти и алатки. Користејќи многу различни уреди и алатки за фаќање на лошите момци, честопати збунетиот инспектор Гаџет исто така мора да го примени и сиот свој ум за решавање на еден особено сложен случај. Додека навлегува во најмрачното подземје на Ривертон Сити, инспектор Гаџет мора да внимава не само на своето добро реноме туку и да успее да го спаси светот од злобниот д-р Кло (Руперт Еверет).

Слики

Инспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор ГаџетИнспектор Гаџет

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Меѓународно спасување (2004)

    image
    Кога „Д Худ" ја напаѓа тајната база на „Меѓународното спасување" и ги заробува речиси сите членови на семејството Трејси, само Ален Трејси и неговите пријатели...
  • Том и Џери: Напад на Марс (2005)

    image
    По обичају, Том гања Јеррyја све док не стигну до свемирске базе, у којој се тестира дехидрирана храна за астронауте. Ускоро се на звучницима објави да Бифф...
  • Луѓе во црно: Интернационала (2019)

    image
    Луѓето во црно отсекогаш ја заштитувале Земјата од вселенските никаквеци. Во оваа нова авантура, тие се справуваат со најголемата светска закана досега, крт во...
  • Чувари на галаксијата (2014)

    image
    „Чувари на галаксијата на „Марвел е динамична епска вселенска авантура, која го носи кинематографскиот универзум на „Марвел во космосот каде авантуристот Питер...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.