Сместен во 60-тите во Њујорк, „Момците од Медисон“ ја истражуваат гламурозната и од его движената „златна епоха“ на рекламите, каде што секој продава нешто и ништо не е како што изгледа. А никој не ја игра играта подобро од Дон Дрејпер.
Сместена во 60-тите на 20-тиот век во Њујорк, стилизираната и провокативна драма „Момците од Медисон“ ги следи животите на немилосрдните мажи и жени од една рекламна агенција на авенијата „Медисон“, кои прават уметност од продажбата во свет што е движен од егото. Добитник на „Еми“ и победник на „Златни глобуси“, „Момците од Медисон“ го следи конфликтниот свет на Дон Дрејпер (Џон Хем), најголем во светот на рекламите (и обожаван од дамите), како и на колегите од познатата Рекламна агенција „Стерлинг Купер и Дрејпер Прајс“. Додека Дон се бори во агенцијата и во спалната, тежнее да биде чекор напред во променливото време и пред младите директори што му се зад петиците. Серијата ги отсликува и улогите на мажите и жените во оваа епоха и го истражува човековиот карактер под закрилата на традиционалните семејни вредности во 60-тите.