Содржина
По пристигнувањето, Блу и Џул ги запознаваат локалните жители, вклучително и Едуардо, харизматичен татковски водач со строги правила, кој станува комична пречка за Блу. Тука се и Мими, емотивна и храбра сестра на Едуардо, која секогаш сака да каже што мисли, па дури и на нејзиниот напнат брат, како и Роберто, совршен примерок на дива птица која ги шармира сите околу себе. Додека Блу се обидува да се вклопи, тој е загрижен дека може да ги изгуби Џул и децата во дивината. Во меѓувреме, опасниот папагал Најџел ја кове својата одмазда поротив Блу, потпомогнат од Габи, симпатична отровна жаба која му е многу верна на Најџел и која, иако е малечка, поседува многу злобно срце.