Содржина
Во оваа урнебесна анимирана авантуристичка комедија, снимена врз основа на популарната игра на мобилен телефон, ќе откриете зошто пилињата се толку налутени. Во островскиот рај населен со среќни пилиња што не летаат, пилето Ред, кое има голем проблем со лутината, заедно со брзото пиле Чак и нервозниот Бомба отсекогаш биле отпадници. Но, кога островот е посетен од таинствените зелени прасиња, овие чудни отпадници ќе мораат да откријат што планираат прасињата.