епизода: 1
Содржина
Животот на мирољубивиот бигл Ози ќе се преврти наопаку кога неговото семејство ќе реши да оди на долго и далечно патување. Проблемот е што таму каде што одат, кучињата се забранети. Затоа семејството решава да го остави Ози во спа-центарот за кучиња „Син поток“. Но Ози набргу сфаќа дека тоа не е спа-центар туку затвор за кучиња. Тој ќе мора да се здружи со новите пријатели Честер и Фронки за заедно да избегаат од затворот и да се вратат дома.