Содржина
Мачотор Молња е исфрлен на улица од страна на сопствениците. Барајќи каде да се сокрие од невремето, тој наоѓа засолниште во таинствената куќа на пензиониран волшебник, кој со задоволство го прима во неговата магична заедница. Магионичарот живее со чудни суштества кои му помагаат во магијата и брзо го прифаќаат новиот цимер. Само зајакот Џек и глувчицата Меги не сакаат никој да им го одзема вниманието, па со сите сили се обидуваат да го исфрлат Молња на улица. Но, кога стариот волшебник ќе заврши во болница, неговиот нечесен внук измамнички се обидува да ја продаде неговата вредна куќа. Сфаќајќи дека ситуацијата е сериозна, цимерите одлучуваат да ги здружат силите и да ја спречат измамата.