poster

Џанго разузданиот

Django Unchained (2012)

Режисер: Quentin Tarantino


рејтинг: 8.5/10
Оценка на корисникот: 7.4/10
(186 гласови)

СОДРЖИНА

Филмот „Џанго разузданиот се одвива на американскиот југ, две години пред Граѓанската војна и во него играат Џејми Фокс во улогата на Џанго, роб чие брутално минато со неговите поранешни сопственици го води до средба со д-р Кинг Шулц, ловец на уценети глави, роден во Германија. Шулц ги бара браќата Бритл кои се убијци, а само Џанго може да го одведе до неговиот плен. Неконвенционалниот Шулц го придобива Џанго со ветување дека ќе го ослободи по фаќањето на браќата Бритл, мртви или живи.
Успехот прави Шулц да го ослободи Џанго, иако двајцата мажи одлучуваат да не се разделат. Наместо тоа, Шулц ги гони најбараните криминалци на југот заедно со Џанго. Совладувајќи ги виталните вештини на ловците на уценети глави, Џанго останува фокусиран на една цел, да ја најде и спаси Брумхилда, жената која пред многу години ја има изгубено во трговијата со робови.
Потрагата на Џанго и Шулц на крајот ги води до Калвин Кенди, сопственикот на злогласната плантажа „Кендиленд. Истражувајќи ја плантажата, откако лажно се претставуваат, Џанго и Шулц предизвикуваат сомневање кај Стивен, верниот роб на Кенди. Нивните потези се следат и почнува да ги гони една опасна организација. Ако Џанго и Шулц сакаат да избегаат со Брумхилда, тие мораат да изберат помеѓу независноста и солидарноста, помеѓу жртвувањето и преживувањето...

Слики

Џанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиотЏанго разузданиот

Прегледи


Нема Прегледи
ПРЕПОРАКИ
  • Спајкова банда (1974)

    image
    Знатижељни тинејџери Вилсон Вил Јанг, Лес Ричер и Тод Хејхју проналзе тешко рањеног мушкарца, помислеќи да је мртав. Стога ќе се прилично изненадити када их...
  • Диви коњи (2015)

    image
    Една детективка отвора 15 години стар случај за исчезнато момче. Почнува да се сомнева дека момчето е убиено и дека локалниот ранчер има врска со целиот случај.
  • За шаку динамита (1971)

    image
    Хуан Миранда је мексички сељак који је постао бандит. Његова породица чини језгро његове банде. Џон Малори, члан ИРА-е, стручњак је за експлозиве. Хуан је...
  • Пут на Запад (1967)

    image
    Ближи се половина 19. века и са обала реке Миссоури једна за другом полазе каравани пионира који желе започети нови живот што даље у нетакнутој природи Дивљега...
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.