рејтинг: 6.1/10
Оценка на корисникот: 9.2/10
(80 гласови)

Содржина

Капетанот Соломон Кејн е брутално ефикасна машина за убивање од 16 век, вооружен со препознатливите пиштоли, меч и сабја. Тој и неговите луѓе ја истураат својата крволочност додека се борат за Англија во повеќе војни на сите континенти. Кога почнува приказната, Кејн и неговата дружина ограбувачи оставаат крвава трага низ многубројните бранители во еден егзотичен град во северна Африка. Но кога Кејн одлучува да нападне еден мистериозен замок што се наоѓа во близина за да ги ограби неговите наводни богатства, неговата мисија оди во судбоносна насока. Еден по еден, луѓето на Кејн ги собираат демонски суштества, сè додека тој не остане сам за да се соочи со ѓаволовиот косач, кој е испратен од длабочините на пеколот за да ја земе неговата безнадежно извалкана душа. Иако Кејн некако успева да побегне, тој знае дека ќе мора да се искупи така што ќе се откаже од насилството и целосно ќе се посвети себе и на мирен и чист живот. Неговата новостекната духовност набрзо ќе се стави на искушение, кога тој ќе го започне патувањето низ Англија, уништена од злобните човечки Јавачи, контролирани од страшниот маскиран Господар. Откако Кејн не успева да го сопре бруталниот колеж на Крауторнови, пуританско семејство што се има спријателено со него, тој се заколнува дека ќе ја најде и ќе ја ослободи нивната заробена ќерка Мередит, па дури ако со тоа би ја загрозил и сопствената душа, враќајќи му се на убиствениот талент поради повисока цел. Неговата решителна потрага на крајот го води до соочување со смртоносните тајни на неговото семејство додека се обидува да ја спаси Мередит, но и цела Англија од силите на злото.

Слики

Соломон КејнСоломон КејнFoto: RTLFoto: RTLFoto: RTLFoto: RTLFoto: RTLFoto: RTLFoto: RTLFoto: RTLFoto: RTLСоломон КејнСоломон КејнСоломон КејнСоломон КејнСоломон КејнСоломон КејнСоломон КејнСоломон КејнСоломон Кејн

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Крвавата Рејн: Третиот Рајх (2011)

    image
    Убавата вампирка-воин Рејн ќе се соочи со моќна група нацисти, кои ќе решат да ја искористат нејзината крв за Хитлер да го направат бесмртен...
  • Зли мртовци (2013)

    image
    Петмина дваесетикусургодишни пријатели се изолираат во една далечна викендичка. Кога ја откриваат Книгата на мртвите, тие не сакајќи ги повикуваат демоните што...
  • Боговите на Египет (2016)

    image
    Опстанокот на човештвото е во рацете на обичен смртник, херојот Бек, кој го игра Брентон Твејтс. Бек се здружува со египетскиот бог Хор (Никола Костер-Валдау) за...
  • Џек Хантер и потрагата поехнатоновата гробница (2008)

    image
    Џек Хантер има состанок со Лиз Џонсон, опетаривец на НСА, која му објаснува дека обелискот со угаритски симболи, кој е во Египет го пронашла д-р Лена Халстром, ги...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.