рејтинг: 6.5/10
Оценка на корисникот: 8.2/10
(63 гласови)

Содржина

ИКС-МЕН ПОЧЕТОЦИ: ВУЛВЕРИН, првото поглавје од приказната за Икс-Мен, го поврзува Вулверин со неколку легенди од светот на Икс-Мен, во епска револуција која ги турка мутантите во борба против моќните сили кои сакаат да ги елиминираат. Хју Џекман ја репризира улогата која го направи супер-ѕвезда, како свирепа машина за убивање која поседува зачудувачки моќи на заздравување, канџи од адамантиум, и примитивен бес познат како незауздан гнев. ИКС-МЕН ПОЧЕТОЦИ: ВУЛВЕРИН останува верен на тонот на франшизата Икс-Мен филмови, одржувајќи го балансот на филмовите помеѓу спектакуларното и реалноста, а во меѓувреме заострувајќи ги емоциите и односите. Овој филм претставува и тим на мутанти, вклучувајќи и неколкумина чие појавување во филмовите долго се очекува. Гледачите ќе го запознаат тимот Икс, тајна воена единица составена само од мутанти. Членовите на единицата се Вулверин; брат му, Виктор Крид, односно Сејбертут, брутално суштество со незамислива моќ; Вејд Вилсон, подоцна познат како Дедпул; еден платен убиец вешт со мечови; Агентот Зиро, експертски трагач и прецизен стрелец; Дух, кој е телепортер, Фред Џеј Дјукс, познат и како Д Блоб, морбидно угоен и супер-силен монструм; и Бредли, кој може да манипулира со електрична енергија. Водач на тимот е Вилјам Страјкер, лик воведен во Икс 2, но сега неговите почетоци и мотиви се целосно истражени, затоа што сложената врска на Страјкер со Вулверин го дефинира поголемиот дел од минатото и иднината на Логан. ИКС-МЕН ПОЧЕТОЦИ: ВУЛВЕРИН, исто така, ја претставува и трагичната романса на Логан со Кејла Силверфокс. Судбината на Кејла го поттикнува Логан да се вклучи во злокобната програма Оружје Икс, таен експеримент кој вреди милијарди долари, во кој Вулверин и други мутанти се клучни играчи. Тука се прикажани и Гамбит, младиот Скот Самерс (подоцна познат како Киклоп), прекрасна млада мутантка по име Ема Фрост, претходно споменатиот Дедпул, кој му пружа на Вулверин врвен предизвик.

Слики

Икс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: ВулверинИкс-мен почетоци: Вулверин

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Неверојатниот Човек-пајак 2 (2014)

    image
    Отсекогаш знаевме дека најбитната борба на Човекот-пајак е онаа со самиот себе, борбата помеѓу обичните обврски на Питер Паркер и необичните одговорности на...
  • Црниот Адам (2022)

    image
    Речиси 5000 години откако му беа подарени моќи од египетските богови, Црниот Адам е ослободен од затворот и е решен да му ја демонстрира на светот неговата смисла...
  • Островот на черепите (2017)

    image
    Продуцентите на „Годзила се навраќаат на еден од најмоќните митови за чудовишни суштества во историјата. Оваа оригинална авантура ја раскажува приказната за еден...
  • Човек-пајак: Нема пат до дома (2021)

    image
    За првпат во филмската историја на Човекот-пајак, се открива идентитетот на нашиот пријателски херој од соседството, доведувајќи ги неговите одговорности како...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.