Содржина

Животот на Гарфилд, омилениот мачор на сите, не може да биде поубав. Пикнат во удобна фотелја пред телевизорот, јадејќи си го омиленото јадење, лазањи, и навредувајќи го својот измалтретиран сопственик Џон, се чини дека Гарфилд е газда на целата вселена.
Кога Џон го носи Гарфилд на посета кај убавата ветеринарка Лиз Вилсон, таа на Џон му дава едно размрдано суштество со размавтана опашка и кое претставува сѐ што мрази Гарфилд. Гарфилд, запознај се со Оди, симпатичното, глупаво... кутре. Итриот мачор за првпат во девет години е оставен без зборови. Изгубениот Оди си ја брка опашката додека не му се сврти, се удира во ѕидови и лае без причина, а Џон е пресреќен поради тоа и со радост го прима Оди во својот дом.
Оди му го превртува совршениот свет на Гарфилд наопаку. Решението на Гарфилд е да го избрка кучето. Кога веселото куче исчезнува во злобните канџи на локалната славна личност Хепи Чепмен, гледачите можеби ќе си помислат дека Гарфилд ќе биде презадоволен, но тој чувствува одговорност за туѓата судбина. Со нетипична енергија, храброст и пожртвуваност, Гарфилд успева да излезе од својот мрзелив живот и да презема акција. Тој има невозможна мисија, а тоа е да го спаси Оди.

Слики

ГарфилдГарфилдГарфилдГарфилдГарфилдГарфилдГарфилдГарфилд

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Пирати! Банда смотаници (2012)

    image
    Со својот екипаж од смотаници и навидум несвесен за невозможната мисија што му претстои, пиратскиот капетан ќе треба да се бори со злобната кралица, да го спаси...
  • Штрумфови 2 (2013)

    image
    Злобниот волшебник Гаргамел создава неколку злобни суштества кои личат на Штрумфовите и ги нарекува Лошковци, па се надева дека ќе му овозможат да ја црпи...
  • Мачорот во чизми (2011)

    image
    Одамна пред да ги запознае Шрек и магарето, симпатичниот, но итар Мачор во чизми мора да го исчисти своето име од сите обвиненија што го направија баран бегалец....
  • Алвин и верверичките 3: урнебесен бродолом (2011)

    image
    Во „Алвин и верверичките 3: урнебесен бродолом“, верверичките тргнуваат на својата најголема и најспектакуларна авантура, а луксузниот крстосувач го претвораат во...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.