Содржина

Дач (Арнолд Шварценегер) има код на честа кој нема да го прекрши, дури и кога животот му зависи од тоа. Парадоксално, неговиот код на честа му дава 'рбет за да преживее како воен специјалец, кога го испраќаат на една тајна мисија за спасување на друга група која била испратена за да помогне еден злобен план на Владата на САД во една латино-американска земја. Штом пристигнува таму, тој се среќава со еден стар пријател од војска (Карл Ведерс) кој има навлезено премногу длабоко во добрите дела на ЦИА за вкусот на Дач. Кога тој и неговиот тим одат во џунглата за да ги спасат другите, тие се втурнуваат во фронтална битка со локалните герилци, но тие се повеќе од способни да ги совладаат овие диви борци. Сепак, по не толку долго време, тие сретнуваат знаци дека исто толку способните луѓе кои се испратени да ги спасат, сите биле убиени наеднаш и на невообичаено суров начин. Со оглед на нивната обука, би било невозможно за било кој да ги порази сите овие командоси. Наскоро, луѓето од тимот на Дач ги убиваат еден по еден, додека тие стануваат свесни дека се соочени со нешто злобно, нешто што не е од овој свет, нешто што ги лови за спорт. Зошто? Бидејќи нивните вештини ги прават достојни противници за совршено камуфлираниот предатор. Овој внимателно темпиран акционен филм доби лоши критики од многу филмски критичари, но доволно ја задоволи (најмногу машката) публика, така што во 1990 беше направен и успешен втор дел („Предатор 2“).

Слики

ПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредаторПредатор

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Ијон Флакс (2005)

    image
    Leto 2415. 400 let potem ko je smrtonosni virus pomoril več kot polovico človeštva, preživeli živijo v močno zastraženem mestu Bragna, ki jih loči od preostalega...
  • Игрите на гладните: Мокингџеј - прв дел (2014)

    image
    Младата Оскаровка Џенифер Лоренс се враќа во улогата со која се прослави. Во филмот „Игрите на гладните: Мокингџеј - 1 дел“ таа е повторно Кетнис Евердин, но сега...
  • Игрите на гладните: Mокингџеј - втор дел (2015)

    image
    Во големото финале на глобалниот епски феномен „Игрите на гладните“, Кeтнис Евердин сфаќа дека e во прашање многу повеќе од обично преживување - таа се бори за...
  • Ѕвездени патеки: Од другата страна (2016)

    image
    Одејќи на спасувачка мисија во длабоката вселена, УСС „Ентерпрајз паѓа во заседата на Крал, безмилосен непријател на Федерацијата. Кога мораат да бегаат во еден...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.