Содржина
Мирниот семеен човек Брајан Милс (Лијам Нисон) е поранешен агент со интересно и богато минато. Тој сега не бега од најлошите негативци на денешницата, туку од комбинираните полициски сили на Лос Анџелес, ЦИА и ФБИ. Тие се регрутирани од Френк Доцлер (Форест Витекер) откако Милс ќе им избега на обичните полицајци. Акцијата се организира зашто некој го наместил Брајан за убиството на поранешната сопруга (Фамке Јансен), а во опасност се наоѓа и неговата ќерка Ким (Меги Грејс), која е сега успешна студентка на УЦЛА.