Содржина
Режисерот добитник на Оскар, Стивен Содерберг, ни ја носи напнатата и провокативна приказна во која глумат Ченинг Тејтум, Руни Мара, Џуд Лоу и Кетрин Зета-Џонс. Откако нејзиниот сопруг (Тејтум) е ослободен од затвор, Емили (Мара) почнува да страда од вознемиреност и депресија и бара помош од психијатарот д-р Бенкс (Лоу). Бенкс ѝ препишува експериментален лек, кој може да предизва сериозни несакани ефекти. Филмот полн со неочекувани пресврти е секси психолошки трилер којшто критичарите го оценуваат како „див и непредвидлив“ (Марлоу Стерн, Њусвик).