Содржина

Сара е талентирана млада студентка по дизајн од Ајова. Таа возбудена пристигнува во Лос Анџелес за да почне да оди на колеџ и да го запознае големиот град. Сара која е убава, жива и со љубопитна природа, ги шармира своите нови цимерки, особено Ребека, цимерката која е назначена да живее со неа. Ребека е богата девојка од Пасадена и веднаш ја зема Сара под своето крило, покажувајќи ѝ ги културните знаменитости на градот и со неа споделувајќи го плакарот преполн со дизајнерски алишта.
Но, кога Сара создава уште неколку пријателства во кампусот, вклучително и со забавната Трејси, Ребека почнува да се изолира и развива чудна одбивност кон социјалниот живот на нејзината цимерка. Кога започнува романсата на Сара со нејзиното ново момче, Стефан, а во градот пристигнува нејзината менторка, успешната дизајнерка, Ајрин, таа има сè помалку време за Ребека која станува уште порешителна да ја има Сара само за себе.
Налудничавото однесување на Ребека станува уште поалармантно кога Сара почнува да се сомнева дека Ребека ги саботира нејзините други врски. Кога Сара неволно се согласува да оди на вечера за Денот на благодарноста во раскошниот дом на родителите на Ребека, таа открива тајна која ја убедува да ја напушти собата во студентскиот дом и да се пресели кај Стефан.
Но, додека Сара се обидува да се оддалечи од својата сè поопседната поранешна цимерка, Ребека почнува да станува насилна и да излегува од контрола, што неизбежно доведува до експлозивно и конечно соочување помеѓу нив двете.

Слики

ЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимеркатаЦимерката

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Криза (2021)

    image
    Арми Хамер, Гери Олдман и Еванџелина Лили глумат во овој трилер кој се одвива во заднината на епидемијата со опијати при што се судираат приказните за таен агент,...
  • Asgjë nuk harrohet (1985)

    image
  • Арбитража (2012)

    image
    Роберт Милер (Ричард Гир) е сопственик на осигурително друштво и очајно сака да ја комплетира продажбата на компанијата, пред да се дознае за неговите матни...
  • Часови (2013)

    image
    Татко се бори за неговата ќерка да го преживее ударот на ураганот Катрина.
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.