Содржина
Еден мистериозен настан од минатото на Земјата се заканува да отвори војна која ќе биде толку голема што Трансформерите нема да бидат во можност самите да ја спасат планетата. Кога астронаутите на „Аполо 11“ ги откриваат остатоците од „Сентинел прајм“ на површината на нашиот природен сателит, тие ги носат назад на планетата Земја. Но, „Сентинел прајм“ не е единствениот туѓ предмет на Месечината, а кога еден злобен нов непријател го пројавува своето присуство, Сем Витвики (Шија Лебуф) и Автоботите мораат да се борат против темнината за да го одбранат нашиот свет од злото на Десептиконите.