Содржина
ТИМ А ги следи храбрите авантури на живописниот тим поранешни војници на специјалните сили: Ханибал Смит, тактичар на инвентивни мисии во кои времето мора да се испланира до последната секунда, во кои се бараат невообичаени вештини, како и тим неверојатно обучени војници; Темплтон „Фаца“ Пек, кој може да набави сé за невообичаените и смели мисии на тимот; Би-Еј Баракус, возачот и физичката сила на тимот; и Х.М. „Лудиот Завивач“ Мурдок, надарен пилот и лудак со тапија. Овие пријатели се борат за добра кауза веќе осум години, бидејќи се осудени на воен затвор за криминал што не го извршиле. Штом релативно лесно бегаат од затворот, тие тргнуваат на опасна мисија да ги исчистат своите имиња додека Хариса Соса, висок воен офицер и поранешна љубов на „Фаца“, ги гони низ целиот свет. Кога почнува да се чини дека Тимот А ги има сите докази потребни за докажување на својата невиност, тие откриваат дека нивната последна мисија тукушто започнува.