poster

Терминатор: Спасение

Terminator Salvation (2009)

Режисер: McG

рејтинг: 6.5/10
Оценка на корисникот: 7.3/10
(84 гласови)

Содржина

Четвртиот дел од серијалот, „Терминатор“ го следи возрасниот Џон Конор (кого го игра Кристијан Бејл) додека се обидува да го организира човечкиот отпор кој можеби е и последната вистинска надеж на човештвото во борбата против машините. Со дејствие кое започнува во 2018, во „Терминатор: спасение“ Џон Конор дознава дека сигурноста на иднината е разнишана од ненадејното појавување на еден мистериозен странец по име Маркус Рајт (Сем Вортингтон), кој последно се сеќава како седи и ја очекува својата смртна казна. Во неможност да определи дали Маркус е испратен од иднината или е спасен од минатото, Конор почнува да се прашува дали сѐ уште постои надеж за човечката раса додека роботите стануваат помоќни и поагресивни од било кога. Изгледа дека Скајнет се подготвува за уништувачки финален напад за да го елиминира човековиот отпор, еднаш за секогаш, оставајќи ги Конор и Маркус без друг избор, освен да удрат во кибернетското срце на дејствијата на Скајнет. Штом влегуваат таму, двајцата прекалени војници откриваат ужасна тајна за потенцијалното уништување на целото човештво. Антон Јелчин игра на местото на Мајкл Биен, како младиот Кајл Рис во првиот дел на планираната трилогија „Терминатор“ од режисерот Мекг („Чарлиевите ангели“).

Слики

Терминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: СпасениеТерминатор: Спасение

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Човек-пајак: Враќање дома (2017)

    image
    Младиот Питер Паркер / Човекот-пајак (Том Холанд), кој го имаше своето сензационално деби во „Капетан Америка: Граѓанска војна, почнува да се снаоѓа во својот нов...
  • Човек-пајак: Далеку од дома (2019)

    image
    Питер Паркер (Том Холанд) одлучува да им се придружи на своите соученици на патување во Европа. И покрај тоа што сакал својот суперхеројски идентитет да го...
  • Изгубениот свет: Паркот Јура (1997)

    image
    Изгубениот свет: Паркот Јура е продолжение на оригиналниот трилер со диносауруси на Стивен Спилберг.
  • Веном (2018)

    image
    Ова е приказна за еден од најтаинствените, најкомплексни и најопасни ликови на „Марвел“! Еди Брок (Том Харди) е скршен човек откако губи сѐ, вклучително и...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.