Содржина
„Брзи и бесни“ ве води во светот на уличните трки. Харизматичниот Доминик Торето (Вин Дизел) е водач на банда и е обвинет за киднапирање камиони и за кражба на електронска опрема вредна над милион долари. ФБИ го праќа полицаецот од Полицијата на Лос Анџелес, Брајан О'Конер (Пол Вокер) на тајна мисија во тркачките кругови на Лос Анџелес за да ги уапси Торето и неговиот тим. Како што О'Конер станува дел од животот на Торето и се вљубува во сестра му Миа (Џордана Брестер), се обидува да докаже дека Торето е невин.