епизода: Action (2008)
Содржина
Врз основа на легендарната, сурова интерактивна видео игра, МАКС ПЕЈН ја раскажува приказната на еден своеглав полицаец кој е одлучен да ги најде виновниците за бруталното убиство на неговото семејство и на неговиот партнер. Насочен кон одмаздата, неговата опсесивна истрага го носи на едно кошмарно патување низ мракот на подземјето. Додека се продлабочува мистеријата, Макс (Марк Валберг) е присилен да се бори со непријатели кои се надвор од природниот свет, и да се соочи со незамисливо предавство.