Содржина
Што ако целиот твој свет бил лага? Што ако само едно откритие и само една одлука може да променат сѐ. Што ако заради љубовта и верноста направиш нешто неочекувано? Откако општеството во кое верувале е уништено од насилство и желба за моќ, Беатрис и Тобајас решаваат да ги откријат границите на својот свет. Притоа, Трис ќе биде принудена повторно да се соочи со непредвидливоста на човековата природа, но и со самата себе. Истовремено, и Трис и Тобајас ќе мораат да се соочат со фактот дека нивната положба во општеството се променила и дека тие што биле привилегирани, повеќе не се тоа.