Содржина

АВАТАР нѐ носи во спектакуларен свет, каде еден колеблив херој од Земјата тргнува на епска авантура, на крај борејќи се да спаси еден вонземски свет кој се навикна да го нарекува дом. Џејмс Камерон, режисерот на „Титаник кој е добитник на Оскар, најпрвин има размислувано за филмот пред 15 години, кога средствата да се оствари неговата замисла сѐ уште не постоеја. Сега, по четири години продукција, АВАТАР, жив акционен филм со нова генерација на специјални ефекти, дава сеопфатно кинематографско искуство од нов вид, каде револуционерната технологија која е измислена за правење на филмот, се топи во чувствата на ликовите и во содржината на приказната.
Влегуваме во вонземскиот свет низ очите на Џејк Сали, бивш маринец кој е во инвалидска количка. Но, и покрај неговото оштетено тело, Џејк сѐ уште има срце на воин. Него го регрутираат да патува со светлосни години до човечката база на Пандора, каде корпорациите ископуваат редок минерал кој е клучен за решавање на енергетската криза на Земјата. Поради тоа што атмосферата на Пандора е токсична, тие ја имаат создадено програмата „Аватар, во која на човечките „возачи им се поврзува свеста со аватар, оддалечено контролирано биолошко тело кое може да преживее во смртоносната атмосфера. Овие аватари се генетски создадени хибриди од човечка ДНК помешана со ДНК од домородците на Пандора... Навите.
Повторно роден во својата аватарска форма, Џејк може повторно да оди. Нему му е дадена мисија да се инфилтрира кај Навите, кои се главна пречка за ископување на скапоцената руда. Но, една убава Нави жена, Нејтири го спасува животот на Џејк и ова менува сѐ. Нејзиниот клан го зема Џејк и тој учи да стане еден од нив, што вклучува многу тестови и авантури. Како што се продлабочува врската на Џејк со неговата учителка, Нејтири, тој учи да го почитува светот на Навите и конечно го наоѓа своето место меѓу нив. Наскоро, тој ќе се соочи со најголемиот тест, водејќи ги во епска битка која ќе ја одлучи судбината на целиот свет.

Слики

АватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватарАватар

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Човек-пајак: Нема пат до дома (2021)

    image
    За првпат во филмската историја на Човекот-пајак, се открива идентитетот на нашиот пријателски херој од соседството, доведувајќи ги неговите одговорности како...
  • Тасманиски ѓаволи (2013)

    image
    Посетителите на еден одалечен тасманиски наионален парк ќе станат плен на смртоносни суштества, кои го бранат својот дом.
  • Аквамен (2018)

    image
    Овој филм ја открива приказната за потеклото на получовекот Артур Кари и ни ја прикажува неговата авантура како наследник на подводното кралство Атлантида кога...
  • Чудесниот Спајдермен (2012)

    image
    Еден од најпознатите ликови на светот се враќа на големото платно со новото поглавје од филмовите за Спајдермен, „Чудесниот Спајдермен“. Филмот раскажува различна...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.