Содржина
Карл Бренд ги носи децата на школо кога добива анонимен повик од човек кој тврди дека има боомба под седиштата на колата. Тој се заканува дека ќе ја детонира бомбата ако Бренд не му даде голема сума пари.
На пат кон работа, берлинскиот агент за недвижнини Карл Бренд сака да ги остави децата на школо. Но кога ја пали колата, му ѕвони телефонот. Чуден јавувач му јавува дека има бомба под седиштето и таа ќе експлодира доколку Карл или децата излезат од неа. Тој бара од Карл да му обезбеди голема сума пари и тоа многу брзо. Кога жена му почнува да се сомнева дека тој ги киднапирал децата, тогаш и полицијата тргнува по Карл, вклучувајќи ја и експертката за експлозиви Пија. Започнува смртоносна трка со времето. На милост на бомбата и прогонуван од полицијата, Карл очајно се обидува да си ги спаси децата, а и себеси.