рејтинг: 8.0/10
Оценка на корисникот: 8.3/10
(34 гласови)

Содржина

Од тимот одликуван од Академијата, творците на „Приказна за играчките, „Чудовишта и „Барајќи го Немо, произлезе приказна за едно американско семејство, која го води анимираниот филм во полето на драма и дизајн што не се видени досега. Со „Спасители, писателот и режисер Бред Бирд и Пиксар анимејш студиос се пионери на компјутерски создаден свет, кој е толку богат, сложен и креативно „жив така што сликата што ја создава е многу човечка.
„Спасители се одвива околу авантурите на едно семејство на поранешни суперхерои кои повторно го откриваат вистинскиот извор на своите моќи - еден во друг. Некогаш, најголемиот маскиран борец против криминалот, Боб Пар (г. Неверојатен) се борел со злото и секојдневно спасувал животи. Но, петнаесет години подоцна, тој и неговата сопруга Хелен (познат поранешен суперхерој) се присилени да ги сменат идентитетите како цивили и да се повлечат во предградијата. Денес тие живеат како обични смртници и водат најобични животи со своите деца, кои се трудат најмногу што можат да изгледаат „нормално. Како работник што чека да заврши работниот ден, Боб сега се бори со здодевноста и со својата широка половина. Сакајќи акција, заборавениот суперхерој ја добива таа шанса кога еден мистериозен повик ќе го повика на далечен остров за тајна задача.
Сега, судбината на светот е под знак прашање, а семејството мора повторно да се здружи и пак да го најде фантастичното во нивниот семеен живот.

Сцеарист:
Продуцент: John Lasseter, Kori Rae
времетраење: 115 мин

Слики

СпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасителиСпасители

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Невјеројатни Зоро (2002)

    image
    Јужном Калифорнијом влада похлепни гувернер који краде сиромашним сељацима као и племиќима. Испрва му се супротставља Зорро и неколицина племиќа. Када гувернер...
  • Нагоре (2009)

    image
    Во оваа приказна за „зрелото доба“, херој од седумдесет и нешто години, заедно со својот партнер кој е ренџер за национални паркови и нема врска со животот,...
  • Човек-пајак: Нов свет (2018)

    image
    Мајлс Моралес е њујоршки тинејџер со проблеми со училиштето, пријателите и со тоа што е новиот спајдермен. Кога се отвора еден портал во универзумот, Мајлс...
  • Филмот На Лутите Птици (2016)

    image
    Во оваа урнебесна анимирана авантуристичка комедија, снимена врз основа на популарната игра на мобилен телефон, ќе откриете зошто пилињата се толку налутени. Во...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.