Содржина
Поранешниот оператор од Специјалните сили Френк Мартин живее навидум тивок живот долж францускиот Медитеран, нудејќи се себе како платеник „транспортер“ кој пренесува стока, човечка или друго, од едно место на друго, без никакви прашања. Вршејќи опасни задачи со неговото Бе-Ем-Ве полно со трикови, Френк се придржува до неколку правила кои никогаш не ги прекршува. Прво правило: Никогаш не менувај го договорот. Правило два: Без имиња; Френк не сака да знае за кого работи, или што пренесува. Правило три: Никогаш не отворај го пакетот. Најновата задача на Френк не изгледа ни најмалку поразлична од многуте што ги извршил во минатото. Најмен е од Американец, познат само по името „Вол стрит“, да пренесе нешто, но кога Френк ќе застане по пат, ќе забележи дека неговиот „пакет“ мрда.