Содржина

Мајк Саливан (Том Хенкс) работи како платен убиец за криминалниот бос, Џон Руни (Пол Њумен). Саливан гледа на Руни како на татко. Сепак, откако неговиот син е сведок на убиство кое тој го има сторено, Мајк Саливан се наоѓа себеси во бегство, обидувајќи се да го спаси животот на својот син, а во исто време бара и одмазда кон оние кои му имаат згрешено. Џад Ло исто така игра платен убиец најмен да го убие Саливан.
Двократниот добитник на наградата од Академијата, Том Хенкс („Форест Гамп“, „Филаделфија“) ја предводи актерската екипа на драмата, ПАТ КОН ПРОПАСТА во режија на режисерот кој е добитник на наградата од Академијата, Сем Мендес („Американска убавина“). Хенк го глуми Мајкл Саливан, платен убиец за една ирска банда во Средниот Запад за време на депресијата. Кога неговата работа се префрла во неговиот приватен живот, доведувајќи до смрт на неговите сакани жена и син, Саливан и неговиот преживеан син тргнуваат на патување за одмазда и покајание. Во ПАТ КОН ПРОПАСТА исто така глуми и филмската легенда која е добитник на Оскар, Пол Њумен („Бојата на парите), номинираниот за оскар, Џад Ло („Талентираниот господин Рипли), номинираниот за Златен глобус, Џенифер Џејсон Леј („Г-ѓа Паркер“ и „Волшебниот круг“), добитникот на Еми и Златен глобус, Стенли Туси („Винчел“, „Завера“), Даниел Крег („Елизабет“), новајлијата Тајлер Хохин и младиот актер, Лиам Ајкен („Маќеа“). Добитникот на наградата од Академијата, Ричард Д. Занук („Возејќи ја г-ѓа Дејзи), Дин Занук и Сем Мендес го продуцираа ПАТ КОН ПРОПАСТА, заедно со Волтер Ф. Паркс („Гладијатор“) и Џоен Бредшо („Одметник“) во улога на извршни продуценти. Сем Мендес го режираше филмот во сценарио на Дејвид Селф („Тринаесет дни“), засновано на стрипот напишан од Макс Алан Колинс и со илустрации на Ричард Пирс Рејнер.

Слики

Пат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропастаПат кон пропаста

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Татковски гревови (2012)

    image
    Филм на режисерот Дерек Сијанфранс, во кој Рајан Гослинг го игра Лук, скитник кој заработува за живот изведувајќи акробации на мотор. Кога ќе дознае дека има...
  • Фалсификатор (2014)

    image
    Во овој напнат и трогателен трилер, Џон Траволта игра уметник кој целиот свој живот својот неверојатен талент го користел на сосема погрешни, претежно нелегални...
  • Без трага (2010)

    image
    Етјен наскоро ќе стане шеф на голема индустриска група. Во брак со прекрасната Клеменс, тој е човек кој има се. Кога ќе наиде на Патрик, другар од детството,...
  • На погрешен пат (2015)

    image
    Четворица млади момчиња влегуваат во ризична инвестиција, која ги води во конфликт со мафијата.
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.