Содржина
Успешниот адвокат Мич Броктон ќе предизвика несреќа, ќе побегне и зад себе ќе остави жртва. Покрај жртвата ќе го најдат Клинтон Дејвис, кој ќе биде обвинет за злосторството. Мич ќе го брани Клинтон на суд и ќе реши да подметне докази за да го ослободи Клинтон и да си ја олесни совеста. Клинтон ќе биде ослободен, но Мич ќе дознае дека е тој криминалец, па ќе тргне во потрага по него...