Содржина
Етјен наскоро ќе стане шеф на голема индустриска група. Во брак со прекрасната Клеменс, тој е човек кој има се. Кога ќе наиде на Патрик, другар од детството, Етјен признава дека некогаш одамна украл формула на необичниот хемичар, Мишелет, која станува најпродаваниот производ на компанијата. Патрик го убедува да го посети Мишелет и да му се оддолжи. Но, работите тргнуваат на лошо кога Патрик го убива хемичарот. Животот на Етјен станува кошмар. Вмешан во полициска истрага, паѓа под влијание не Флора, која го контактира во желба да дознае повеќе за својот татко, мизантроп. Патрик е уапсен и обвинет за убиство, но набрзо започнува да го уценува Етјен: или ќе му помогне да побегне, или Патрик ќе го предаде на полицијата. На Етјен му преостанува само еден, очаен потег.