Содржина

Талентот, амбицијата и мотивацијата се сѐ во Холивуд, освен ако не сте „кул“ мачка со сон за танцување. Затоа што сите знаат дека прасињата не летаат и кравите не пеат, јасно е и дека мачките не танцуваат.
Оваа анимирана семејна комедија, која е нежна пародија на филмските мјузикли од 30-тите и 40-тите, го прикажува Дени, мачор од Кокомо, Индијана, кој сака да пее и да танцува и кој сонува да работи во шоу-бизнисот. Еден ден, Дени одлучува да стори нешто во врска со своите амбиции, наместо само да посакува, па се упатува во Холивуд, убеден дека може да стане ѕвезда за една недела. Сепак, Дени набргу станува свесен за границите меѓу природните видови и за тоа дека студијата не ги фермаат многу животните, па дури ни оние со квалитет на ѕвезди, а најдоброто што може агентот на Дени да го најде е една малечка улога во филм со слатката детска ѕвезда Дарла Димпл, која излегува дека е злобно и разгалено детиште што ги мрази животните кога не е пред камера. Дени наскоро се запознава со неколку други животни-актери кои се заглавени во истата ситуација како него. Тие се: Соер, еден убав но циничен мачор, Вули, слон кој свири пијано, Тили, нилски коњ кој пее, и Паџ, пингвин кој изведува точки. Животните заедно се борат да бидат прифатени и да добијат шанса да му покажат на светот што можат да прават.

Слики

Мачките не танцуваатМачките не танцуваатМачките не танцуваатМачките не танцуваатМачките не танцуваат

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Алвин и верверичките (2007)

    image
    Како што се развива приказната, запознаваме три верверички Алвин, Симон и Теодор, кои гледаат како нивниот дом е рапарчен од компанија за Божиќни елки. Додека...
  • Учитељичин љубимац (2004)

    image
    „Учитељичин љубимац“ дугометражни цртани филм компаније „Волт Дизни“, базиран је на истоименој телевизијској хит-серији Гарија Бејзмена, аниматора и сликара,...
  • Заплеткана (2010)

    image
    Шармантниот бандит Флин се крие во една мистериозна кула и станува заложник на Рапунзел, прекрасна и агресивна тинејџерка со руса коса долга 21 метар. Двајцата...
  • Коко и големата тајна (2017)

    image
    Надежниот млад музичар Мигел се впушта во неверојатно патување до магичната земја на предците. Таму се среќава со шармантниот мајтапџија Хектор, кој му помага да...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.