Содржина

Германската ѕвезда Тил Швајгер го режира овој емоционален акциски трилер и е во главната улога на поранешен специјалец кој заштитува една тинејџерка без родители, која е единствен сведок на завера за убиство поради владина корупција.
Макс Фишер е поранешен воен специјалец кој е најмен да ја заштитува травматизираната тинејџерка Нина. Таа е травматизирана бидејќи е сведок на брутално убиство и едни многу лоши луѓе сакаат да ја видат мртва. Предадени и во бегство од опасниот и упорен трговец со оружје, Томас Бејкер, самотникот Макс и Нина, која е без родители, сè повеќе се зближуваат додека околностите ги тераат од туѓинци да станат пријатели, а нивната несигурност се претвора во доверба, па тие меѓусебно се потпираат еден на друг за заштита. Барајќи помош од поранешниот соборец на Макс, хендикепираниот Руди, Макс и Нина наоѓаат само привремена заштита. Тие повторно се принудени да бегаат, па наоѓаат засолниште кај Сара, животната љубов на Макс, која без тој да знае, е државниот обвинител кој е задолжен за заштита на Нина како сведок. Сега почнува трка со времето додека Сара се обидува да ги однесе двајцата бегалци на безбедно место, а злобниот Бејкер ги вложува сите напори да ги најде.

Слики

ЧуварЧуварЧуварЧуварЧуварЧуварЧуварЧуварЧувар

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Самиот ѓавол (1997)

    image
    Полициски службеник ја открива страшната вистина за својот гостин и неговото крваво минато. Во главните улоги се Бред Пит и Харисон Форд.
  • Скршен човек (2003)

    image
    Откако по филмовите „Брзи и бесни“ и „xXx“ американскиот глумец Вин Дизел станува акциона ѕвезда, можел да избира нови проекти со кои ќе ѝ се претстави на...
  • 16 Блока (2006)

    image
    Стариот детектив пред пензија, Џек Мозли (Брус Вилис), добива задача да го превезе ситниот криминалец Еди на суд. Мозли не знае дека Еди е сведок во судењето...
  • Гонетиот (2003)

    image
    Беницио Дел Торо е во главната улога на војник од специјалните единици кој е вистински никаквец и кого го брка неговиот поранешен ментор во овој восхитувачки...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.