Содржина
Филмот е снимен според меѓународно признатиот јапонски научно-фантастичен анимиран филм од 1995 г. во режија на Мамору Осии. Дејството се случува во 2029 година кога многу луѓе замениле некои делови од телото со вештачки импланти. Но мозокот не може да се замени и тој претставува „дух“, односно човечки идентитет сместен во школка од механичко тело. Главната хероина ја игра Скарлет Јохансон и таа е на чело на елитниот Оддел 9 кој е задолжен за борба против најопасните криминалци. Тие ќе треба да се соочат со непријател чија единствена цел е да се уништи напредокот на технологијата на Ханка Роботика.