Содржина
Леон е имигрант кој живее повлечен живот и пие само млеко. Но, тој е исто така и врвен професионален убиец. Во неговата зграда живее малата Матилда која има тажен живот со своето семејство. Нејзиниот татко е криминалец кој работи за корумпираниот полицаец Норман Стенсфилд. Единственото нешто што ја прави среќна е нејзиниот помал брат. Наскоро татко ѝ запаѓа во несогласувања со Стенсфилд, а овој со целиот свој тим го убива семејството на Матилда. Таа преживува бидејќи во тоа време е во продавницата, а потоа се засолнува кај соседот Леон. Наскоро Матилда дознава со што се занимава Леон и го моли да се одмазди за смртта на брат ѝ. Леон не знае како да се однесува, зашто никогаш немал ниту пријателски ниту татковски чувства. Се обидува да ја убеди Матилда да се откаже од планот, но залудно. Во исто време, корумпираниот полицаец сака да го отстрани единствениот сведок на убиството.