Содржина
Крими драма од продуцентите на филмовите „Сикарио“ и „Џон Вик“, со Џоел Кинаман, Клајв Овен и Розамунд Пајк во главните улоги.
За поранешниот специјалец Питер Козлоу, светот се превртува наопаку кога ќе заврши во затвор спасувајќи ја сопругата. Добива шанса предвреме да биде ослободен под услов да стане доушник на ФБИ, инфилтрирајќи се во круговите на најмоќниот дилер на дрога во Њујорк. Откако ќе тргне наопаку испораката на дрога во која учествува, тој се соочува со најтешката задача во животот - да се инфилтрира во најозлогласениот затвор. Една шанса и три секунди за да извлече жива глава. Дали ќе биде доволно?