Содржина

Ненси, Крис, Квентин, Џеси и Дин живеат на улицата на брестовите. Сите тие го имаат истиот сон, за истиот човек кој носи џемпер со црвени и зелени риги, шешир што делумно го сокрива неговото накажано лице, како и градинарска ракавица со ножеви намести прти. И тие сите го слушаат истиот застрашувачки глас...
Тој ги тероризира еден по еден во нивните сништа, каде правилата се негови, а единствениот излез е да се разбудат.
Но, откако неколкумина од нив ќе умрат насилно, тие сфаќаат дека она што се случува во нивните сништа е реалност и дека единствениот начин да останат живи е да останат будни. Со меѓусебна помош, четворицата преживеани пријатели се обидуваат да откријат како станале дел од оваа мрачна бајка во која ги прогонува овој мрачен човек. Функционирајќи со малку или без воопшто сон, тие се борат да разберат зошто ова им се случува ним, зошто сега и што е тоа што нивните родители не им го кажуваат.
Во нивното минато е закопан долг кој сега доспева, а за да се спасат себеси, тие ќе мораат да навлезат во умот на најизопачениот кошмар на сите времиња... Фреди Кругер.
„Кошмар на улицата на брестовите“ е современо навраќање на влијателната хорор класика во која игра номинираниот за наградата на Академијата, Џеки Ерл Хејли во улогата на Фреди Кругер.

Слики

Кошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовитеКошмар на улицата на брестовите

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Рашомон (1950)

    image
    Радња филма одвија се у Јапану, у манастиру Рашомон где се сусреќу један дрвосеча и свештеник, а ту је и њихов пријатељ коме они препричавају један догаѓај....
  • Драгстор каубој (1989)

    image
    Зависник и неговата екипа крадат дрога од аптеки и го избегнуваат законот.
  • Знам што правеше минатото лето (1997)

    image
    После една несреќа на кривулест пат, четворица тинејџери прават фатална грешка фрлајќи го телото на жртвата во море. Но точно една година подоцна, мртовецот се...
  • Депс (1974)

    image
    Остварење прати живот бившег робијаша, који покушава да се уклопи прихватајуќи друштвене норме, започињуќи нормалан живот, али у томе га ометају сталне полицијске...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.