Содржина

За да избега од затвор, Буч Хејнс ( Кевин Костнер) мора да се здружи со Тери Пуг, за кого нема особено добро мислење. Набрзо по бегството, тие двајца го киднапираат младото момче Филип Пери и го водат со себе насекаде низ Тексас. За време на патувањето Буч и Филип откриваат дека имаат многу заеднички работи од кои момчето се воодушевува, а кое пораснало во строго и религиозно семејство. Буч се однесува кон него како кон пријател, го учи да го разликува доброто од злото и да носи самостојни одлуки. Тоа што на почетокот започнало како киднапирање, постепено се претвора во однос, во кој преовладува почитување и љубов. Но, за надворешниот свет и за шерифот Ред Гарнет ( Клинт Иствуд), Буч е опасен криминалец кој треба што побрзо да се уапси.
Во извонредната криминалистичка драма „ Совршен свет“, Клинт Иствуд покажува дека како автор не е ограничен само на акциски и вестерн филмови, туку длабоко понира во сите слоеви на човековата природа и хуманоста. Филмот го прикажува односот помеѓу двајца луѓе кои имаат очајничка потреба од почитување и грижа, а која не ја добиваат доволно од останатиот свет. Улогата на осуденикот Буч, Кевин Костнер ја одглумил на многу убедлив начин, а особено интересна и извонредно добра е глумата на Т. Џ. Лутер во улогата на несреќното момче Филип.

Слики

Совршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен светСовршен свет

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Фалсификатор (2014)

    image
    Во овој напнат и трогателен трилер, Џон Траволта игра уметник кој целиот свој живот својот неверојатен талент го користел на сосема погрешни, претежно нелегални...
  • Без трага (2010)

    image
    Етјен наскоро ќе стане шеф на голема индустриска група. Во брак со прекрасната Клеменс, тој е човек кој има се. Кога ќе наиде на Патрик, другар од детството,...
  • Грабната среде бел ден (2009)

    image
    Вистинска и инспиративна приказна за киднапирана тинејџерка која преживува манипулирајќи со нејзиниот грабнувач и успева да се ослободи по шестдневниот пекол.
  • Татковски гревови (2012)

    image
    Филм на режисерот Дерек Сијанфранс, во кој Рајан Гослинг го игра Лук, скитник кој заработува за живот изведувајќи акробации на мотор. Кога ќе дознае дека има...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.