Содржина
Британскиот супер шпион Џејмс Бонд (Роџер Мур) се обединува со секси руската агентка Ања Амасова (Барбара Бах) за да го поразат мегаломаничниот магнат Карл Стромберг (Курт Јургенс), кој се заканува дека ќе го уништи Њујорк со нуклеарки.
Никој не го прави тоа подобро од Бонд, и тој уште еднаш го потврдува истото во оваа експлозивно забавна авантура што го носи од египетските пирамиди до скијачка трка којашто ги поништува законите на гравитација. Роџер Мур донесува неповторлив стил како Агент 007 додека тој и прекрасната советска агентка Ања Амасова (Барбара Бах) со здружени сили ги истражуваат исчезнатите атомски подморници на Алијансата и Русија, следејќи смртоносна трага што ги доведува до милијардерот и шпедициски магнат Карл Стромберг (Курт Јургенс).