Содржина
Семејна приказна за еден книговезец чија вештина за раскажување приказни има моќ да ги пренесе ликовите за кои раскажува во вистинскиот свет.
Што ако секој пат кога читате на глас, приказната оживуваше? Врз основа на бестселер детскиот роман на Корнелија Фанк, оваа безвремена приказна за фантазијата и авантурата го прикажува малото девојче чиј татко (Брендан Фрејзер од „Мумија“) има тајна способност да ги оживее ликовите од книгите, кога ги чита на глас. Но, кога еден злочинец (Енди Серкис од „Господарот на прстените“) од една ретка детска приказна го киднапира таткото на Меги за да ги донесе и другите надвор од границите на фантазијата, таа и една очајна група реални и волшебни пријатели тргнуваат на авантура за каква што таа има само читано во книгите, со цел да го спасат и да ги поправат работите. Во другите улоги се Пол Бетани од „Кодот на Да Винчи“ и добитниците на оскар, Хелен Мирен и Џим Бродбент. СРЦЕ ОД МАСТИЛО прави сета мистерија, сета опасност и сета авантура да скокнат надвор од страниците!