Содржина
Во ДЕНОТ КОГА ЗЕМЈАТА ЗАСТАНА, современиот римејк на научно-фантастичната класика од 1951, познатата научничка, д-р Хелен Бенсон (Џенифер Конели) се наоѓа себеси соочена со еден вонземјанин по име Клаату, кој патува низ универзумот за да предупреди за една глобална криза која претстои. Кога силите кои се надвор од контролата на Хелен го третираат вонземјанинот како непријател и го одбиваат неговото барање да им се обрати на светските лидери, таа и нејзиниот отуѓен посинок, Џејкоб (Џејден Смит) набргу ги откриваат смртоносните компликации од тврдењата на Клаату дека тој е „пријател на Земјата“. Сега, Хелен мора да најде начин да го убеди суштеството кое е испратено да нѐ уништи, дека човештвото вреди да биде спасено – но, можеби е предоцна. Процесот е започнат. Човештвото долго време е фасцинирано од можноста за живот надвор од Земјата. Научно-фантастичната литература и филмови служеа не само за забава, туку и за обраќање кон нашите прашања, надежи и стравови за вонземскиот живот. Таквите шпекулации ја маѓепсаа нашата колективна имагинација и го инспирираа развојот на нови технологии за истражување на најоддалечените делови на нашиот универзум и многу реалната можност дека не сме сами.