Содржина
„Сурфај“ е анимирана семејна комедија која ни го прикажува светот на пингвинското сурфање. Филмот ни го прикажува Коди Маверик, надежен сурфер, на неговиот прв професионален натпревар. Коди е инспириран од легендарниот јавач на бранови по име Биг Зи, па ги напушта своето семејство и својот град Шиверпул на Антарктикот за да отпатува до островот Пен Гу за натпреварот во сурфање. Коди верува дека победата ќе му го сонесе заслужениот статус. Но, кога неочекувано го среќава стариот сурфер Гик, Коди почнува да сфаќа дека најголемиот шампион не е секогаш тој што пристигнува прв.