Содржина

Шармантниот и успешен убиец Мартин Бланк (Џон Кјузак) се враќа во родниот град за јубилејната матура од средно училиште и трага по свое „исполнување и вистина“. Планира да се сретне со бившата девојка и да го изврши последниот атентат.
„Платеник“ е хумористична црна комедија во која игра Џон Кјузак. Филмот е фален и од критиката и од публиката за невообичаената приказна и за грубиот хумор. За разлика од неговите пријатели од средно, кои се почитувани професионалци, Мартин Бланк (Кјузак) има примамлива кариера како платен убиец. Но работата ја губи убавината и Мартин се соочува со несигурна иднина. Сега, тој се наоѓа назад во родниот град Грос Поинт за да присуствува на јубилејна матура по десет години од средно, да ја заврши последната „работа“ и да се обиде повторно да ја разгори романсата со девојката што ја откачил на матурската вечера (Мини Драјвер). Со Ден Ајкројд, како смешен ривал атентатор, којшто сака Мартин да се зачлени во Унијата на атентатори, „Платеник“ е убиствена комедија полна со акција и со смеа!

Слики

Платеник

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Убијци (2010)

    image
    За време на одморот, млада жена се запознава со мажот од своите соништа и набрзо се венчаваат. Идиличниот брачен живот им се нарушува кога се испоставува дека...
  • Такси (2004)

    image
    Квин Латифа е најбрзата таксистка во Њујорк, чии вештини зад воланот и специјално надградена кола му помагаат на еден полицаец (Џими Фелон) на тајна задача да...
  • Бркотница (1998)

    image
    Кинески конзул Хан одлази на дипломатско путовање у Лос Анѓелес. У великом граду његову 11-годишњу кќеру Су Јунг отима интернационални криминалац. ФБИ уверава...
  • Чувај ми го грбот (2017)

    image
    Генијална акциска комедија во која главните улоги ги играат Семјуел Л. Џексон, Рајан Рејнолдс и Гери Олдман. Џексон е најбараниот платен убиец на светот, а...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.