Содржина
„Моли се за мене, Франциско е најцелосниот екранизиран портрет на аргентинскиот свештеник, отец Хорхе Бергољо, кој во 2013 година бил прогласен за папа Франциско I, 266-тиот и моментален папа на Католичката црква, како и прв папа од американските континенти. На папата му се припишува „ефектот на Франциско, кој инспирираше обновен интерес за црквата поради неговите прогресивни погледи, личната скромност, грижата за сиромашните и посветеноста на меѓуверскиот дијалот, а тука е и неговото користење на социјалните медиуми. Филмот го прикажува животот на папата од детството во Буенос Аирес, каде што одлуката да стане свештеник била позитивно прифатена од неговата италијанска баба, но ја разочарала мајка му. Потоа филмот ги прикажува неговите рани години како свештеник, преку контроверзиите околу неговата работа за време на аргентинската диктатура во 1970-тите и прогласувањето за бискуп на Буенос Аирес, а потоа и за кардинал, а на крајот и неговиот избор за папа.