Содржина
Поради понудената работа, 20-годишниот студент по економија Ксавие станува дел од европска програма за размена на студенти, а целта е да научи шпански. Ветувајќи си дека и понатаму ќе останат блиски, се разделуваат со девојката и тој тргнува за Барселона. По пристигнувањето се вселува во стан во кој живеат студенти од различни држави - Италијанец, Англичанка, момче од Данска, девојка од Белгија, Германец и девојка од Тарагона. Сите заедно тргнуваат во серија авантури коишто ќе претставуваат животна иницијација.