Содржина
Одгледана во Африка од нејзините родители зоолози, Кеди Херон (Линдси Лохан) мисли дека знае сè за “опстанокот на најсилните“.Но законот на џунглата добива сосема ново значење кога 15-годишната девојка која се школувала дома, за првпат влегува во јавно средно училиште. Обидувајќи се да си го најде своето место, Кеси се среќава со најзлобниот вид од сите – Кралицата Пчела, прекар за ладната и пресметлива Реџина Џорџ (Рејчел Мекадамс), водач на најмодната група во школото, Пластика. Кога Кеди се вљубува во бившото момче на Реџина, Арон Самјуелс )Џонатан Бенет), Кралицата Пчела е боцната – и таа кове план да ја уништи социјалната иднина на Кеди. “Канџите“ на Кеди избиваат на површина кога таа се впушта во урнебесната “Светска војна на девојките“ која предизвикува целото школо да бара засолниште.