Содржина
Филмот на режисерот Ли Даниелс, набиен со теми за расните односи и сексуалноста, ги носи гледачите длабоко во мочуриштата на жешката Флорида во 1960-тите. Истражувачкиот новинар Ворд Џенсен (Метју Меконахи) и неговиот партнер Јардли Акеман (Дејвид Ојелово) истражуваат сензационална приказна што може да им ги обликува кариерите. Со помош на помладиот брат на Ворд, Џек Џенсен (Зак Ефрон) и примамливата обожавателка на затвореникот Хилари Ван Ведер, Шарлот Блес (Никол Кидман), тие се обидуваат да докажат дека на Хилари му е наместено убиството на корумпираниот локален шериф. Филмот, кој е снимен според провокативниот бестселер на Пит Декстер, ја отстранува фасадата на јужњачка елеганцијата од малиот заспан град и открива зло мрачно како мочуриштата на Флорида.