Содржина
Џон (Џон Ц. Рајли) кој уште е сам, седум години по неговиот развод се откажал од надежта за романса. Но, на сечие изненадување, тој успева да ја запознае убавата и жива Моли (Мариса Томеи) на една забава. Помеѓу нив веднаш се создава хемија, но Моли не сака да ја носи нивната врска подалеку од куќата на Џон. Џон ја следи до дома и го открива другиот маж во животот на Моли: нејзиниот син, Сајрус (Џона Хил). Сајрус е најдобар пријател на мајка си и би сторил сè за да ја заштити Моли и воопшто не е подготвен да ја дели со кого било. Наскоро, тие двајцата почнуваат да се надмудруваат за љубовта на жената која ја сакаат - а само еден маж може да преживее кога сето тоа ќе заврши!