После лична трагедија, Даниел, талентиран хирург, се здружува со осамениот млад човек Ли за да започнат буквално ‘подземна клиника’, сместена во огромната лавиринтска мрежа на тунели и простори под Лондон.
Во серијата се работи за Даниел Милтон, талентиран и успешен хирург. После лична трагедија којашто му го разнишува удобниот живот, Даниел се здружува со осамениот млад човек Ли за да започнат буквално ‘подземна клиника’, сместена во огромната лавиринтска мрежа на тунели и простори под Лондон. Таму Даниел ги третира сите оние кои не можат или не сакаат да најдат други легални начини за лекување: криминалци, илегални имигранти и секакви чудаци. Секако, таков ризичен потфат не доаѓа без изненадувања, а на Даниел и Ли наскоро во бункерот им се придружува Ана, медицински истражувач со чувство на вина, како и Џејми, млад бегалец и ограбувач на банки кому сè му е преку глава. И така, долу во тунелите под градот, добриот лекар мора да го даде најдоброто од себе за да може да го контролира својот необичен тим и нивните потреби, вклучувајќи ги и потребите на непредвидливите клиенти на оваа илегална клиника.

Беше на каналите:

HBO3  HBO2  Jolly HD  

Препораки
  • Нарко-мрежа (2002)

    image
    За време на судењето на Дианџело Барксдејл, дилер на дрога обвинет за убиство, главниот сведок на одбраната го повлекува сведочењето и го ослободува Дианџело од...
  • Вавилон Берлин (2017)

    image
    Берлин во лудите 1920-ти е метропола за талентираните и амбициозните. Но, зад блескавата површина, осиромашените маси се стремат кон подобар живот. Тоа е време на...
  • Die Diplomatin (2016)

    image
    The diplomat Karla Lorenz is working on behalf of the Foreign Office around the world to help German citizens in crisis situations.
  • Der Bozen Krimi (2015)

    image
    The Bolzano thriller - the series.
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.