Во „Одржување хај“ главен актер е Бен Синклер, дружељубив дилер на марихуана од Бруклин, а негови клиенти се ексцентрична група личности. Духовитата серија нуди поглед во дневните рутини на клиентите со неврози, разновидни како и градот.
По идеја и сценарио од сопружниците Катја Бличфелд и Бен Синклер, „Одржување хај“ следи еден дилер на марихуана од Бруклин кога им ја носи на клиенти со неврози разновидни како и градот. Бен Синклер е во главна улога како Баткото, дилер на трева за секого, кој одвреме-навреме им се појавува во животите на разни жители на Њујорк, обезбедувајќи им марихуана, гледајќи ги нивните секојдневни рутини и воочувајќи како ја пушат тревата. Серијата е продуцирана од Катја Бличфелд, Расел Грегори и Бен Синклер.