Содржина
Пол Ауфиеро е 35-годишен чувар во паркинг гаража кој живее со мајка му на Стетен Ајленд. Тој не е загрижен за својот беден живот поради една негова вистинска опсесија: тој самиот се опишува како “најголемиот навивач на Њујорк Џајантс на светот“. Една ноќ, Пол и неговиот најдобар пријател Сол го здогледуваат славниот играч на Џајантс, Квонтрел Бишо на бензинска пумпа во Стетен Ајленд. Тие импулсивно го следат неговиот џип до еден стриптиз-клуб на Менхетен, каде што конечно собираат сила да зборуваат со својот херој. Она што започнува како сон, се претвора во кошмар кога едно недоразбирање предизвикува насилна конфронтација, а Пол е пратен по патот којшто ќе ја стави на тест неговата посветеност кон екстремното.