Содржина
Кога Мајк Хулиган (Патриша Кларксон), детективка за убиства од Њу Орлеанс, го истражува убиството на познатиот астрофизичар и експерт за црната дупка, таа е соочена со мистерија што влијае врз неа на неочекувани начини.
Потерата по убиецот ја вовлекува детективката во уште поголема мистерија: природата на самата вселена. Мајк Хулихан (Патриша Кларксон) е неконвенционална полицајка од Њу Орлеанс којашто го истражува убиството на познатата астрофизичарка Џенифер Роквел (Мејми Гамер), експерт за црната дупка која е најдена убиена во нејзината опсерваторија. Мајк се мачи да се снајде во овој вознемирувачки и компликуван случај и притоа почнува да се бори со егзистенцијалните прашања на квантната механика, паралелни универзуми и истражување на ѕвездите. Тоа се космички тајни кои можеби го имаат клучот за расветлување на злосторството, но исто така го доведуваат во сомнеж нејзиното разбирање за реалноста. Обоен со магична, нео-ноар атомсфера, овој уникатен трилер истовремено е возбудлива приказна и моќна метафизичка загатка.