Содржина
Финско-германска научно-фантастична акциона комедија и продолжение на популарниот филм „Железно небо“ од 2012 година. Новото продолжение се случува во 2047 година, 29 години откако нуклеарната војна помеѓу Земјата и нацистите од Месечината ги уништила условите за живот на Земјата. Последните преживеани Земјани ја напаѓаат поранешната нацистичка база на темната страна на Месечината, во која официјалната религија е џобсизмот, формирана околу учењата на Стив Џобс. Охрабрени од овој напад, нацистите се подготвуваат да го освојат светот по долга фаза мирување.