Содржина
Бери Б. Бенсон, штотуку дипломирана пчела, сака повеќе од животот отколку неизбежна кариера којашто го чека него и секој друг работник во Њу Хајв Сити - работа во Хонекс произведувајќи мед. Бери ја прифаќа шансата да излезе од кошницата и наскоро ќе се сретне со свет поголем дури и од неговите најлуди соништа. Кога Бери случајно ќе запознае една ведра цвеќарка на Менхетен по име Ванеса, тој прекршува едно од основните правила на пчелството - тој разговара со неа. Пријателството брзо се развива, а Бери добива брз курс за однесувањето на човечката раса. Кога открива дека секој може да купи мед директно од продавница, тој е шокиран што луѓето ја крадат уникатната креација на пчелите и заработуваат пари од тоа. Навреден, тој решава да се одмазди за оваа неправда тужејќи го човечкиот род.